Насловна / Арт и дизајн / Биенална изложба „Зимски салон“ на ДЛУМ во Мала станица

Биенална изложба „Зимски салон“ на ДЛУМ во Мала станица

Биеналната изложба „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ.  ќе биде отворена на 26 февруари (четврток) во 20 часот во „Мала станица“ во Скопје. Селектор на 21. издание на изложбата е Лилијана Степанчиќ, куратор од Љубљана.

Изложбата е репрезентативен пресек на авторски практики, од афирмирани творци до нови генерации уметници, кои преку разни медиуми, дисциплини и поетики ги артикулираат современите естетски и општествени прашања.

„Како изложбен формат со историја на храбри концепциски поставки, Салонот функционира како дискурзивно поле во кое уметноста не е само одраз, туку и критички инструмент на општествената реалност. Неговата автономија овозможува простор за истражување, преосмислување и деконструкција на воспоставените норми, отворајќи перспективи кон нови наративи, вредносни системи и облици на изразување“, велат од ДЛУМ.

Испрати коментар

Scroll To Top