Европската унија го отвори пријавувањето за програмата „Млади енергетски амбасадори“ (Young Energy Ambassadors – YEAs), која е наменета за младите од 18 до 35 години кои сакаат активно да учествуваат во обликувањето на енергетската иднина на Европа. Програмата им пружа можност на избраните кандидати, во текот на едногодишниот ангажман, да станат дел од мрежата на млади професионалци од цела Европа, да се поврзат со експерти од областа на енергетиката и јавните политики, како и одблиску да стекнат увид во процесот на креирање на енергетските политики на ЕУ.

Младите енергетски амбасадори ќе учествуваат во Европската седмица за одржлива енергија (EUSEW), која ќе се одржи од 9-ти до 11-ти јуни 2026 година. Во текот на програмата предвидени се и менторска работа, работилници, дијалози за политиките како и медиумска видливост во водечките европски медиуми посветени на одржливата енергија. тошоците за учество ќе бидат покриени во целост. Програмата е наменета за студенти, истражувачи, активисти, претприемачи и млади професионалци од различни сектори, со цел зајакнување на дијалогот за чиста енергија, енергетска сигурност и конкурентност на Европа. Пријавувањето трае до 15.02.2026, додека резултатите од процесот на селекција ќе бидат објавени на 21.04.2026 година. Повеќе информации за програмата, како и за критериумите за пријавување, се достапни на следниот ЛИНК.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија