Насловна / Архитектура / MVRDV создале павилјон што го претстави наследството на дрвени градби на Тајван

MVRDV создале павилјон што го претстави наследството на дрвени градби на Тајван

MVRDV проектирале привремен дрвен павилјон во кој беше сместена изложба за производство на дрво, занаети и градежништво во чест на прославата на 321-годишнината од основањето на градот Чијаи на Тајван.

Павилјонот „Дрвени чуда“, кој беше поставен спроти градското собрание на Чијаи, опкружува квадратен двор. Неговата периметарска структура е обликувана со обемно истражување на историската дрвена градба во градот.

Од 12 до 28 декември, проектот беше изложен како дел од прославите по повод годишнината од Чијаи, пружајќи им на локалните жители место за собирање, учење за историјата на градот и разговор за неговата „иднина на дрвата“.

Дрвната индустрија била од суштинско значење за историскиот развој на Чијаи поради неговата близина до бујните шуми во планинскиот центар на Тајван. Градот произведувал разновидни дрвени производи, вклучувајќи конструкции, играчки и мебел.

Голем дел од локалноно население ги заборавило знаењата и вештините што довеле до оваа традиција, а дрвјата што порано ја поддржувале оваа економија сега се заштитени.

Градот сè уште поседува повеќе од 6.000 дрвени згради, наследство што локалната администрација неодамна почнала да го признава, чува и обновува.

Затоа, општината го ангажирала бирото MVRDV да создаде павилјон и изложба што ќе го испита односот на градот со дрвото како дел од прославите на годишнината од Чијаи, од оддавање почит на природните шуми во регионот до истакнување на потенцијалот на современата дрвена архитектура.

Нагласокот на павилјонот на одржливост и зачувување на историјата е ризичен во Тајван, каде што многумина го сметаат дрвото за помалку респектабилен или безбеден градежен материјал, а сеизмичките правила го прават реновирањето на постојните згради невообичаено.

„Приказната за дрвените градби во Чијаи навистина го отсликува начинот на кој ставовите кон дрвото се променија глобално“, рече основачкиот партнер на MVRDV, Jacob van Rijs.

„Некогаш прагматичен и широко достапен градежен материјал, дрвото стана ‘старомодно’ кога материјали како бетон и челик станаа поевтини и поефикасни.“

„Но денес, климатската криза нè принудува да гледаме од друг агол: дрвото складира јаглерод, додека бетонот и челикот испуштаат огромни количини во атмосферата; во меѓувреме, децениите истражување и иновации ги направија модерните згради сè поодржливи со техники на инженерско дрво. Сега е совршен момент повторно да се зборува за дрвото“, додаде Van Rijs.

Архитектите почнале да го проектираат павилјонот со спроведување архитектонска анализа на постојните дрвени конструкции на Чијаи. Проектантскиот тим открил еклектична мешавина, со дрвени згради кои претставуваат широк спектар на епохи и стилови.

Меѓутоа, препознале неколку заеднички елементи што ја издвојуваат дрвената архитектура на Чијаи, како што се сложените линии на крововите што произлегуваат од украсни круни и декоративни елементи на фасадата, како и дијагоналните засеци за да се истакнат уличните агли.

Овие карактеристики се надразуваат во архитектурата на павилјонот, кој се одликува со четири закосени агли кои потсетуваат на градските ресторани и кафулиња на агол. Кровната линија на павилјонот, која црпи инспирација од познати дрвени конструкции како полициска станица и музеј, ги истакнува секоја страна на градбата.

Со пастелните бои на ентериерот, кои исто така алудираат на боите на оригиналните куќи што ги прикажуваат, три од овие страни служат како влезови во дворот, дочекувајќи ги гостите во овој урбан простор.

Изложбата, која била поделена на пет дела, го зафаќала периферниот простор околу овој двор. Една од овие области била посветена на шумата, со изложба што ги привлекува сите пет сетила и го демонстрира производството и сечењето дрва. Втората се нарекувала работилница и ги почитувала традиционалните занаети на Чијаи.

Потенцијалот на Чијаји како „главен град на дрвото“ на Тајван бил во фокусот на последните три дела. Изложбата споредувала со различни делови од светот, како што се Норвешка и Нов Зеланд, покажувајќи како другите локации ги развиле своите традиции за дрво и како се прилагодиле на современите околности за да ја зачуваат оваа култура до денес.

Изложбата ја прикажала дрвената иднина на Чијаи во главната сала. Ги поканила луѓето да замислат каков може да биде животот со ревитализирана култура на дрво и да понудат предлози за идниот раст на градот.

Испрати коментар

Scroll To Top