Насловна / Вести / Објавен е повикот за учество на Летната школа на Енергетската заедница која ќе се одржи во Тирана

Објавен е повикот за учество на Летната школа на Енергетската заедница која ќе се одржи во Тирана

Секретаријатот на Енергетската заедница ги повика постдипломците, истражувачите и младите професионалци да се пријават за десетата Летна школа на Енергетската заедница, која оваа година ќе се одржи од 22-ри до 29-ти август на Универзитетот „Полис“ во Тирана. Фокусот на Летната школа е на енергетските сектори во транзиција, посебно во југоисточна и источна Европа.

Летната школа е платформа за размена на најновите сознанија и изградба на трајни професионални партнерства. Оваа година, Летната школа се организира во соработка со Меѓународниот вишеградски фонд (IVF) и Германката меѓународна соработка (GIZ), а во склоп на Регионалното климатско партнерство (RCP) помеѓу Германија и земјите од Западен Балкан. Рокот за поднесување на пријави е 31.03.2026. Секретаријатот на Енергетската зедница ги покрива сите трошоци поврзани со програмата, вклучувајќи ги предавањата и сместувањето, додека учесниците ќе треба да ги покријат само патните трошоци.

Испрати коментар

Scroll To Top