Насловна / Архитектура / Глинените ќерамиди – бр. 1 градежен материјал за покрив

Глинените ќерамиди – бр. 1 градежен материјал за покрив

При проектирање на покрив, знаеме дека секој архитект размислува за неговите перформанси на зима – годишното време кога овој дел од објектот е изложен на најголем тест.

Ниските температури, цикличното замрзнување и одмрзнување, снежните оптоварувања, силните ветрови и наглите температурни осцилации создаваат услови во кои квалитетот на избраниот покривен материјал директно влијае врз долготрајноста, енергетската ефикасност и безбедноста на објектот.

Глинени ќерамиди – материјал со докажани перформанси

И покрај развојот на алтернативни покривни материјали, 100% природните глинени ќерамиди и понатаму се супериорно решение за покрив во станбената архитектура. Нивната вредност произлегува од комбинацијата на природен материјал, индустриски контролиран производствен процес и долготрајни перформанси.

Глинените ќерамиди се произведуваат од селектирана глина, печена на температура од над 1.000 °C, што резултира со материјал со висока механичка стабилност, мала впивливост и одлична отпорност на атмосферски влијанија.

Отпорност на мраз и влага

За разлика од бетонските покривни елементи, глинените ќерамиди имаат значително пониска апсорпција на вода (обично под 6%), што не ја зголемува драстично масата на покривот при влажни услови и го минимизира ризикот од оштетување при циклусите на замрзнување и одмрзнување.

Термички својства и енергетска ефикасност

Глината со својата микроструктура претставува природен термоизолатор. Затоа, покривот од глинени ќерамиди придонесува за стабилна внатрешна температура на објектот, намалени топлински загуби во зима и редуцирано прегревање во летниот период, што директно влијае врз намалување на потрошувачката на енергија во текот на целата година.

Вентилација и заштита од кондензација

Како дел од системските покривни решенија на Tondach, глинените ќерамиди овозможуваат оптимална вентилација на покривот и потпокривниот простор. Оваа способност на покривот да „дише“ ја елиминира акумулацијата на влага во потпокривниот простор, го спречува создавањето на мувла и ја зголемува трајноста на дрвената конструкција и изолациските материјали.

Долг животен век

Квалитетно изработените глинени ќерамиди Tondach имаат долг животен век, кој може да трае и повеќе од еден век, без значително опаѓање на механичките и визуелните својства на ќерамидата. Токму затоа, покривните системи Tondach се придружени со 33-годишна гаранција, што претставува јасен индикатор за сигурноста во материјалот и во производствениот процес.

Споредбена анализа: глина наспроти бетон и лим

Бетонските покривни елементи, за разлика од глинените ќерамиди, имаат двојно поголема апсорпција на вода (над 13%), што резултира со зголемено статичко оптоварување на конструкцијата и побрзо стареење на материјалот. Дополнително, нивниот работен век е пократок, а чувствителноста на мраз и град е поголема во споредба со глината.

Лимените покриви, иако финансиски поприфатливи на краток рок, имаат значителни недостатоци од аспект на архитектонската и техничката изведба. Тие имаат слава термоизолација, зголемен ризик од деформации при ветер, силна бучава при дожд и град, а снегот од нив лесно се лизга што ја прави околината околу краевите на покривот небезбедна за движење.

Во светот во кој градежните материјали се менуваат, глинените ќерамиди остануваат константен сигурен избор за секој покрив.

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top