Насловна / Архитектура / Се реконструира фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк

Се реконструира фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека е започната целосна реконструкција на фонтаната сместена на влезот од Градскиот парк, место кое долги години беше запуштено.

„Паралелно со обновата на фонтаната, се уредува и плоштадот околу неа, се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот добива нов, модерен и достоинствен лик. Ова култно катче, еден од најистакнатите и најпрепознатливи симболи на градот, повторно ќе стане место на средби, прошетки и споделени моменти, ќе биде простор каде генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во убавината на јавниот простор, онака како што Скопје заслужува“, изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот не го претстави проектот за реконструкција и не спомена кога и кој го изработил. Ни останува да почекаме и да видиме како ќе изгледа обновената фонтана и просторот околу.

За фонтаната, нејзиното значење, но и запоставување пишувавме пред повеќе од пет години, а можете да прочиате во текстот со наслов „Архитектонски медалјон на влезот во Градскиот парк“.

архитект Мирјана Милановиќ-Волињец (автор на фонтаната) и градоначалникот на Атина

 

Испрати коментар

Scroll To Top