Годината 2025 година беше возбудлива и динамична на светската архитектонска сцена. Од изградба на згради што ги поместуваат границите на можното, преку контроверзни одлуки на владите, до спектакуларни нови концепти – носиме преглед на десетте најзначајни архитектонски најави за кои пишуваше и Порта 3, а што ја одбележаа годината што измина.

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед објави изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 седишта, кој би бил најголемиот стадион во Велика Британија. Проектот е потпишан од реномираното архитектонско студио Foster+Partners, а се очекува објектот да биде завршен во рок од пет години.
Стадионот ќе биде препознатлив по огромниот „шатор“ носен од три масивни столба, а целиот процес на изградба ќе се потпира на напредни технологии за префабрикација.

По повеќегодишна пауза, изградбата на Jeddah Tower е рестартирана. Проектот на Adrian Smith+Gordon Gill Architecture треба да достигне висина од најмалку еден километар, што ќе ја направи највисоката зграда во светот.
Откако беа изградени 63 ката, работите запреа поради обвинувања за корупција. Оваа година, изградбата продолжи, а новиот рок за завршување е 2028 година.

Доналд Трамп предизвика големо внимание во јавноста со објавувањето на плановите за замена на Источното крило на Белата куќа со грандиозна неокласична балска сала. Работите за рушење на постоечката структура започнаа само три месеци по објавувањето, а зад проектот стои бирото McCrery Architects.
Проектот е финансиран од приватни донатори, вклучувајќи големи корпорации. Исто така, најавена е и можноста за изградба на триумфална капија во Вашингтон по повод 250-годишнината од роденденот на САД.

Во рамки на мегапроектот Неом, во февруари започна изградбата на Hidden Marina – сегмент од футуристичкиот град The Line. Со должина од 2,5 километри и висина 500 метри, марината е опишана како градба без преседан.
Ќе содржи вештачка марина, стадион за Светското првенство во фудбал во 2034 година, сместен на 350 метри над земја, „превртена“ деловна зграда од 30 ката и простор за повеќе од 200.000 жители. Сепак, во текот на годината, се појавија информации за тешкотии во неколку проекти и истраги поврзани со изводливоста на овој потфат.

- Катедралата во Гана под лупа
Плановите за изградба на Националната катедрала во Акра, чиј автор е бирото Adjaye Associates, ставени се на чекање. Владата на Гана во јуни објави дека се откажува од проектот вреден 400 милиони долари откако ревизијата откри сериозни финансиски неправилности и сомнежи за законитост на ангажирањето на проектантите.

Во март, архитектонското биро Bjarke Ingels Group (BIG) ги претстави плановите за аеродром во јужен Бутан, изграден речиси целосно од ламинирано дрво.
Gelephu International Airport ќе биде украсен со уметнички резби со мотиви на змејови, а неговото отворање е закажано за 2029 година. Аеродромот е дел од проектот Gelephu Mindfulness City, кој вклучува простори за медитација и јога.

- One Park Lane кула на австралискиот Златен брег
Во јули беа откриени плановите за One Park Lane, комплекс од две кули на австралискиот Златен брег. Една од кулите, висока 382 метри, ќе стане највисоката зграда во оваа земја.
Проектот го потпишува BKK Architects и Cottee Parker, а кулите ќе бидат поврзани со закривен стаклен мост на висина на 22-риот кат. Според Australian Financial Review, веќе се продадени повеќе од 100 станови, а цените достигнуваат дури 29,7 милиони американски долари.

- Нова сала во срцето на Тирана
Во ноември, холандското биро MVRDV претстави проект за сферична спортска арена со дијаметар од 100 метри во Тирана, наречена The Grand Ballroom. Оваа зграда е само еден од низата амбициозни архитектонски потфати што се дел од урбаниот препород на главниот град на Албанија.

- Пасивна кула во Бруклин
Архитектонско – инвеститорската фирма Alloy Development објави плановите за изградба на највисоката пасивна зграда во светот – One Third Avenue во Бруклин. Со висина од 220 метри, зградата ќе биде втората највисока во овој дел од Њујорк, а ќе биде завршена до 2028 година. Директорот на компанијата, Jared Della Valle, го опиша проектот како исклучително захтевен.

Во јуни беше објавено дека студиото Foster+Partners гпобеди на конкурсот за проектирање на меморијал на кралицата Елизабета II во паркот Сент Џејмс во Лондон. Покрај статуата на покојниот монарх, проектот вклучува мост со стаклена ограда, две нови порти и две тематски градини.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија