Во оваа епизода гостин е асс.м-р Ристе Ристов на тема „патно проектирање – инженерството што секојдневно го користиме, а ретко го забележуваме. Се зборува за:
- Зошто во патното проектирање се воведуваат вештачки кривини
- Дали тие навистина го намалуваат монотоното возење
- Како влијаат на безбедноста и комфорот на возачите
- Кои патишта може да се сметаат за најдобро изведени од инженерски аспект
- Кои се критериумите и стандардите зад еден квалитетен и безбеден пат
Асс. м-р Ристе Ристов e член на Катедрата за патишта. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје при УКИМ во 2006 година, а магистрирал во 2012 година на Градежниот факултет во Скопје при УКИМ. На прв циклус одржува вежби од следните предмети: „Патишта“, „Проектирање патишта“ „Патни јазли“ и „Горен строј на патишта“ на СП Градежништво и „Основи на сообраќајници“ на СП Геодезија. На втор циклус одржува вежби од следните предмети: „Проектирање патишта II“, „Градски сообраќајници“, „Градски сообраќајници II“, „Ревизија на безбедноста на патиштата“ и „Сообраќајно техничка опрема и паркиралишта“ на СП Градежништво – транспортна инфраструктура.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија