Насловна / Архитектура / Мастер план на BIG во Бутан, обликуван од 35 реки и потоци

Мастер план на BIG во Бутан, обликуван од 35 реки и потоци

Данското архитектонско биро BIG го претстави својот мастерплан за развој на 1.000 квадратни километри во Бутан, кој ќе вклучува меѓународен аеродром и хидроцентрала со храм.

01 1

Наречен Mindfulness City, проектот ќе биде лоциран во градот Гелефу во близина на индиската граница во јужен Бутан и ќе биде изграден околу низа мостови.

2 4

„Обликуван од водни патишта, Гелефу станува земја на мостови, поврзувајќи ја природата и луѓето, минатото и иднината, локалното и глобалното“, вели основачот на BIG, Bjarke Ingels.

3

„Како традиционалните Џонгови (посебен вид на архитектура на тврдини на подрачјето на Бутан и Тибет), овие продолжени мостови се претвораат во културни знаменитости, водено и транспортна инфраструктура во комбинација со цивилни објекти.

03 05

Според студиото, проектот ќе биде обликуван од 35 реки и потоци кои минуваат низ локацијата со низа „населени мостови“ што ги поврзуваат различните населби.

Секој од мостовите е проектиран да се комбинира со културни, образовни, рекреативни и инфраструктурни функции.

07 7

Во подножјето на долината ќе биде изграден меѓународен аеродром со дрвен терминал кој ќе делува како мост и писта која ќе се издигнува преку неколку реки.

06

Другите мостови ќе содржат универзитет, центар за здравствена заштита, пазар и духовен центар Vajrayana што ќе ја преминува реката.

Проектот вклучува и брана,  хидроцентрала која ќе има храм. Опишана од бирото како „карпа направена од човекот“, Sankosh Temple-Dam ќе има скалест ѕид кој ќе вклучува скали и видиковци.

5 6

„Sankosh Temple-Dam ги вградува фундаменталните вредности на градот во каскаден пејзаж од скали и видиковци, кој како Тигрово гнездо во 21. век ќе биде споменик изграден од човек на божествената можност за одржливото човечко присуство на земјата. Претворање на инженерството во уметност и претворање на силата на природата во моќ “, вели Ingels за Dezeen.

011

Објектите во рамки на мастерпланот ќе бидат изградени од локални материјали, вклучувајќи дрво, камен и бамбус, и ќе имаат форми што ќе ја нагласат традиционалната бутанска архитектура.

8

Околу градбите ќе има оризови полиња кои ќе делуваат како коридори на биодиверзитет.

BIG се надева дека мастерпланот ќе биде пример за развој во земјата.

010

„Мастер планот на Гелефу дава форма на визијата на Неговото Височество да создаде град кој ќе стане лулка на раст и иновации, а притоа остане заснован на природата и културата на Бутан“, вели Ingels.

08

„Го замислуваме Mindfulness City како град што не може да биде никаде на друго место“, додава Ingels и продолжува: „Каде што природата е подобрена, земјоделството е интегрирано, а традицијата живее и дише, не е само зачувана, туку и еволуирана“.

09

Испрати коментар

Scroll To Top