Насловна / Вести / Словенија ќе ги субвенционира енергетски интензивните компании

Словенија ќе ги субвенционира енергетски интензивните компании

Владата на Словенија го одобри предлог законот за државна помош на енергетски интензивните компании. Министерот за животна средина, клима и енергетика Бојан Кумер, изјавил дека законот за државна помош за енергетски интензивните компании, одговара на сериозни предизвици во словенечката економија. Станува збор за компании кои креираат значителна додадена вредност, имаат сериозен извоз и обезбедуваат илјадници квалитетни работни места, често во региони каде нема алтернативни работни места.

Целта на законот е да се обезбеди конкурентска позиција на компаниите кои се изложени на меѓународна трговија и за кои трошоците за електрична енергија се меѓу клучните фактори во нивното работење. Субвенциите ќе бидат временски ограничени на период од три години, почнувајќи од 2026 година. Министерството очекува со овие мерки да бидат опфатени околу 40 компании од хемиската, челичната и индустријата за хартија. Законот предвидува и санкции во случај на прекршување на правилата. Средствата за субвенции ќе бидат обезбедени надвор од државниот буџет, преку компании кои се во сопственост на Република Словенија кои гии поседуваат главните капацитети за производство на електрична енергија. Проценетиот износ на средства е околу 30 милиони евра годишно. За да конкурираат за овој вид на помош, компаниите мора да исполнат одредени услови, меѓу кои да имаат воспоставено систем за управување со енергијата и најмалку половина од заштедите кои ќе ги остварат со субвенциите, да бидат издвоени за декарбонизација на производството или инвестиции во енергетска ефикасност. 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top