Платформата Podimo добила простор во Осло кој комбинира силна енергија на бои за креаторите и смирени зони за вработените, во ентериер кој студиото Omhu го проектирало до најситен детаљ.
Модерниот ентериер на ова поткаст студио ги комбинира сосема различните потреби на две групи корисници – автори и креатори на поткасти и вработените на платформата Podimo кои секојдневно работат во овој простор.
Резултатот е разиграна, функционална и визуелно впечатлива средина која инспирира и смирува во еднаква мера, потпирајќи се на делата на локалните уметници, моќта на боите и нивните смели комбинации.

Пријатен простор за вработените
Во зоните наменети за вработените, Omhu воведува топла, смирувачка палета на бои и материјали. Реставрираните ѕидови од тули и доминантните дрвени тонови создаваат чувство на удобност, особено во кујната и трпезаријата.
Заедничките простории се уредени со светли хартиени ламби и дискретни акценти во боја – доволно за да внесат веселост без да го нарушат фокусот.

Сè започнува од влезот
За гостинските креаторите, Omhu внесува сосема поинаква енергија. Веќе на влезот, ги пречекува инсталација во интензивно сина боја – гардеробер со ѕидови обложени со огледала, како создадени за последна проверка пред снимањето.

Лобито е креирано како визуелна експлозија на брендот Podimo. Тука е скулпторски спирален држач за весници од шведскиот дизајнер Gustav Westmana и маса обложена со плочки од студиото Palet во пулсирачки портокалово-жолти тонови.

Што се однесува до мебелот, во ентериерот на лобито се истакнуваат култни норвешки парчиња како што се столчето на Terje Ekstrøm и ергономската столче за лулање на Peter Opsvik.

Две палети кои работат заедно
Иако се контрастни, двете палети – топла и смирена за вработените и силно заситена за креаторите – се внимателно ускладени така што просторот делува целовито.

Интензивните бои ги водат креаторите кон студијата за снимање, додека работните зони остануваат светли, проѕирни и релаксирачки.
Боите се појавуваат и во подискретни акценти – наместо целосно монохроматски површини, Omhu воведува нежни тонови во форма на детали кои потсетуваат на визуелниот идентитет на Podim, но без да го преоптоваруваат просторот.

Стил со карактер на брендот
На секое работно место има винтиџ светилка од брендот Luxo во нијанси на црвена и портокалова, заедно со одбрани растенија кои внесуваат свежина.

Бои што ја менуваат атмосферата
Студиото Podimo од Норвешка покажува како внимателното користење на бои и материјали може да го обликува искуството, без разлика дали станува збор за креатори на поткасти што доаѓаат да снимат нешто ново или за тим што поминува работен ден во просторот.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија