Насловна / Вести / Виена терстира паметни сензори за наводнување на дрвја

Виена терстира паметни сензори за наводнување на дрвја

Во Виена во тек е еден од најинтересните еколошки експерименти во регонот – проектот Smart Trees, во кој младите стебла „зборуваат“ кога им треба вода. Благодарение на новата генерација паметни сензори, градските служби можат точно да знаат колку влага има во почвата, колку топлина трпи коренот и кога е вистинското време за наводнување. Идејата е едноставна: повеќе здрави стебла, помалку потрошена вода и поефикасна работа на теренските екипи.

Виена годишно се грижи за над половина милион стебла, а секоја година сади по илјада нови. Со цел младите стебла да ги преживеат се потоплите лета и се подолгите сушни периоди, потребно е редовно и внимателно да се наводнуваат, а тука интервенира технологијата. Од февруари 2024 година, ширум градот се поставуваат дигитални сензори во почвата околу младите стебла. Тие континуирано ја мерат влажноста и температурата и ги испраќаат овие податоци преку LoRaWAN мрежа. Одговорните ги следат овие податоци преку IoT платформа, и врз основа на нив одлучуваат кога е време за наводнување. Првите резултати веќе покажуваат значителен потенцијал за заштедаа на вода, време, гориво и работна сила.

Резултатите од овој проект, односно параметрите кои се следат се користат и од страна на Универзитетот во Виена со цел анализа на видовите на дрвја и условите кои најдобро им влијаат.

 

Испрати коментар

Scroll To Top