Насловна / Вести / Градинарот Андреј Рајатоски ни го чисти и разубавува Скопје (ВИДЕА)

Градинарот Андреј Рајатоски ни го чисти и разубавува Скопје (ВИДЕА)

Андреј Рајатоски познат како Градинарот.мк,во јавноста веќе привлече големо внимание со својот ентузијазам за чување и негување на она што е заедничко за сите – уредена и чиста околина.

Младиот Скопјанец самоиницијативно и бесплатно чисти запуштени јавни површини и ги уредува паркчињата, а идејата се родила од комбинација на инспирација и незадоволство од состојбата во која се наоѓа Скопје.

Локациите кои ги избира за своите акции се претежно места каде што секојдневно поминува, но и фреквентни делови од градот каде што, според него, „навистина има потреба од акција за општо добро“.

Со ракавици, алатки, вреќи за ѓубре и многу волја, Андреј покажува дека и еден човек може да направи разлика.

Во моментов работи сам, но секој што сака чист град, може во секое време да се приклучи и да придонесе за неговата иницијатива кој ја ја подигнува еко-свеста во нашето општество.

Подолу погледнете некои видеа од неговиот ангажман.

 

Испрати коментар

Scroll To Top