Оваа „канцеларија по мерка“, проектирана во тесна соработка со клиентот, го одразува креативниот дух и идентитетот на брендот. Компанијата „Полет Груп“, белградска креативна агенција, чија желба била да создаде автентичен работен простор што го одразува нивниот креативен дух и идентитет на брендот, токму тоа и го добила.

Овој деловен простор проект на студиото за ентериер „Антипод“ се наоѓа во реконструирана зграда во индустриската зона на Белград, а целиот проект може да се чита како контраст на заеднички и работни простори.
Креативната агенција ја дефинираат силни врски меѓу вработените, па затоа голем акцент е ставен на конструитање на заеднички простори.

Самиот влез и главниот заеднички простор зрачат со „разиграниот дух“ на креативците со многу бои и нетипични форми на мебел.
Од друга страна, работните зони се сведени на минималистички дизајн со големи слободни површини, оставени да бидат пополнети од страна на корисниците и позиционирани се како појас околу јавниот заеднички простор.

Тие се застаклени и ги одликува нетипичен распоред на седење, со вработените свртени еден кон друг со грб, што поддржува одреден вид приватност.
Функционалните целини коегзистираат со нив, како елементи што му даваат на ентериерот шарм и модуларен карактер, делувајќи вметнати во однос на бетонот и наследството на зградата.

Исто така, клиентите сакале да ги задржат постојните градежни елементи видливи во ентериерот, како што се бетонските столбови и греди и инсталациите на таванот.

Бојата како алатка
Одговорот на „Антипод“ на барањата на клиентот бил преку мошне впечатливи бои, но со цел да се промовира продуктивноста, креативноста, препознатливоста, како и подобрување на целокупната естетика и атмосфера на самото студио.

Боите исто така можат да се користат и за зајакнување на брендот и идентитетот на компанијата. Со вградување на боите на брендот во декорот на канцеларијата, вработените и посетителите лесно можат да се идентификуваат со вредностите и културата на компанијата.

Мебел – алатка за интерактивност
Главниот впечаток при влегувањето во канцеларијата на креативната агенција е интерактивноста. Во посетителот се буди потребата да испроба впечатливи парчиња мебел, кои со својата форма даваат многу динамичен изглед.

Покрај тоа, главната забава е фотелјата „чигра “, која се ротира и го поттикнува чувството на игралиште. Сè на сè, мебелот е суштинска компонента на дизајнот на канцеларијата и може значително да влијае на продуктивноста, благосостојбата и целокупниот успех на компанијата.
Она што го прави работниот процес на студиото „Антипод“ посебен е истражувањето на потребите на клиентот.

„Искуството со резултатот од кој било процес на креирање, без разлика дали е производ, услуга, уметничко дело или простор за работа или живот, е она што треба да ги исполни очекувањата на сите членови на корисничкиот екосистем, за да се смета за успешен и да ги исполни целите. Кога искуството е вистинско, можеме да бидеме сигурни дека секој друг елемент е на свое место“ – открива еден од тројцата основачи на „Антипод“.
Она што студиото „Антипод“ го примениле во проектирањето на канцеларискиот простор на „Полет Груп“ било ко-креативен пристап – клиентот како соработник на проектот. Нивниот главен фокус во архитектурата не е естетика туку подлабоко разбирање на потребите на клиентот.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија