Насловна / Вести / Нови Сад планира изградба на постројка за производство на енергија од отпад

Нови Сад планира изградба на постројка за производство на енергија од отпад

Град Нови Сад планира производство на електрична и топлинска енергија од цврстиот комунален отпад, а „Новосадска топлана“ веќе има распишано тендер за изработка на физибилити студија за когенерациска постројка. Ваква когенеративна постројка за производство на енергија од отпад веќе постои во Белград, а започна во работа во јули 2024 година. Во студијата треба да се предложи и оптимална локација на постројката, првенствено имајќи ја во предвид можноста за инфраструктурно поврзување на системот за далечинско греење на Нови Сад и прифатлива оддалеченост од местото каде ќе се произведува горивото. Студијата исто така треба да предложи оптимална технологија на согорување на цврстото гориво, концепуално решение за изградба на когенерациската постројка, како и систем за прочистување на димните гасови и управување со пепелот. За реализација на овој проект обезбеден е кредит од ЕБРД во износ од 85 милиони евра и грант од 24,7 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).

Испрати коментар

Scroll To Top