Насловна / Вести / Од дата центри до радијатори – отпадна топлина за греење

Од дата центри до радијатори – отпадна топлина за греење

Дата центрите, клучни погони за развој на вештачката интелигенција и складирање и обрботка на податоци, трошат огромни количини енергија и генерираат количина на отпадна топлина. Се повеќе компании бараат начини таа енергија да ја искористат, пренасочувајќи ја кон системите за далечинско греење.

Секој клик, секое пребарување, секое прашање до ChatGPT или било кој друг четбот, троши енергија. При обработката и складирањето на оваа огромна количина на податоци, дата центрите за загреваат и потребни им се ладилни системи за нивно непречено функционирање. Со цел да се неутрализираат негативните ефекти од овие објекти, енергетската компанија на градот Хелсинки „Хелен“, ја превзема отпадната топлина од дата центрите на компанијата Equinix, и истата со помош на топлински пумпи ја подигнува на температурно ниво погодно за корстење за греење.  На овој начин обезбедено е греење за околу 1.500 домаќинства. Покрај ова партнерство, во Финска функционира ваков систем за греење на околу 2.500 домови, овозможено преку дата центарот на компанијата Nebius.

Microsoft, гради дата центри во една област покрај Хелсинки, и тврди дека ќе го реализира најголемиот проект за реупотреба на отпадна топлина во светот. Се очекува да се обезбеди греење за градот Еспо кој е втор по големина во земјата, како и за уште две соседни општини. Во Стокхолм, Шведска, стартуван е проектот Stockholm Data Parks. Целта е шведската престолнина да се направи атрактивна за дата центрите, но отпадната топлина задолжително да се користи за греење.

Испрати коментар

Scroll To Top