Насловна / Вести / ИЗИИС добитник на наградата Гран При за најдобра Академска Институција 2025 на престижниот фестивал SEE Paris–Berlin–Washington

ИЗИИС добитник на наградата Гран При за најдобра Академска Институција 2025 на престижниот фестивал SEE Paris–Berlin–Washington

Со исклучителна чест и голема благодарност ја споделуваме веста дека Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е прогласен за добитник на наградата Гран При за Академска Институција 2025 на престижниот фестивал
SEE Paris–Berlin–Washington. Свеченото врачување се одржа на 18 ноември 2025 година во величествениот Пантеон Асас – Сорбона II во Париз, на нашата делегација составена од проф. д-р Игор Ѓорѓиев, проф. д-р Александра Богдановиќ и проф. д-р Јулијана Бојаџиева.

Овој момент беше повеќе од формално признание, доживеан како длабока академска емоција, знак на меѓународна почит и силна потврда на шестдецениската мисија на ИЗИИС за создавање знаење, иновации и отпорни заедници.

Особена чест претставуваше фактот што наградата ја доделија:

г-дин Јордан Плевнеш, претседател на фестивалот, визионер кој со години гради културни и образовни мостови меѓу Франција и земјите од Југоисточна Европа;

г-дин Фабрис Д’Алемида, потпретседател на Пантеон Асас – Сорбона II и претседател на меѓународното жири за наградата „Фредерик Росиф“, кој во своето обраќање ја нагласи клучната улога на академските институции во создавањето отпорно, етичко и одржливо општество.

Нивните зборови, исполнети со искреност и почит, ја потврдија пораката за ИЗИИС како регионален и европски лидер во научната, инженерската и општествената мисија.

Ова признание е истовремено и афирмација на високото образование во Република Северна Македонија, како и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, чии научни достигнувања се препознаваат и слават на најпрестижните европски и светски сцени.

Во годината на големиот јубилеј, 60 години УКИМ-ИЗИИС, оваа награда не е само круна на минатото и сегашноста, туку и силна обврска за иднината, да продолжиме да го градиме патот на иновации, научна извонредност, отпорност и служба на општеството.

Порта 3 ја честита наградата и посакува понатамошни успеси.

Испрати коментар

Scroll To Top