Ве поканиме да присуствувате на првиот од низа настани во организација на Стопанската Комора на РСМ и Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 45 – Информациско моделирање на градби (BIM) при Институтот за стандардизација на РСМ на тема Хармонизација на националната со европската стандардизација во областа на BIM технологијата и Претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 45.
Во оваа пригода ТК 45 ќе ја претстави својата досегашна работа во областа на Информациско моделирање на градби (BIM). Дополнително, членовите на ТК45 ќе се осврнат на повеќе значајни аспекти на стандардизацијата во областа на Информациско моделирање на градби (BIM), како и на придонесот што овие стандарди го имаат во развојот на различни области.
Во дискусијата ќе учествуваат претставниците на организациите и институциите – членови на комитетот.

АГЕНДА
Хармонизација на националната со европската стандардизација во областа на BIM технологијата
Претставување на работата на техничкиот комитет
ИСРСМ ТК 45 „Информациско моделирање на градби ( BIM )“
3 декември 2025 година – Стопанска комора на Северна Македонија
10:45 – 11:00 Регистрација на учесници
11:00 – 11:10 Воведни обраќања/ Отвoрање на настанот
Андреја Серафимовски / Претседател на Здружение за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанска комора д-р Џеват Кицара/ Директор на ИСРСМ
11:10 – 11:20 Време е за стандарди – Учествувај и биди информиран Институт за стандардизација на РСМ Маја Дојчиновска Колиќ, Технички секретар ТК 45
11:20 – 11:40 Дигитализација во градежништвото- БИМ технологија Дијана Ликар , Претседател на ТК45 ГИМ
11:40 – 11:50 Активности на КОАИ во имплементација на БИМ Ристо Малков, член на ТК45 КОАИ
11:50 – 12:00 БИМ во студиските програми на Градежен факултет Скопје проф д-р Сергеј Чурилов, член на ТК45 Градежен Факултет
12:00 – 12:10 БИМ – Зошто и како да се имплементира? Димитар Гучев, член на ТК45 Град Скопје
12:10 – 12:20 Презентација од Стопанска Комора, Никола Стрезовски, член на ТК45 Стопанска Комора
12:20 – 12:30 Како BIM го забрзува следниот бран на напредни дигитални технологии,Трајче Стојанов ЗВЕИ ДООЕЛ СКОПЈЕ
12:30 – 12:40 Презентација од Intelligent Network Solutions – INS
12:40 – 12:50 Успешна приказна – New vision/ Molior Видео, Владимир Крстиќ, член на ТК45 Смарт Солутионс
12:50 – 13:05 Дискусија и прашањаНастанот ќе се одржи на 3 декември 2025 година во Стопанска комора на Северна Македонија со почеток во 11.00 часот.
Пријавување на присуството најдоцна до 28 ноември 2025 година на следната е-адреса: [email protected] .
Дополнителни информации можете да добиете на тел: 02 3247 150.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија