Амазонија, позната како бели дробови на Планетата и едно од подрачјата со најголем биодиверзитет на светот, овој ноември е центар на глобалната климатска дипломатија. Во бразилскиот град Белем, отворена е 30-тата Конференција на ОН за климатски промени (COP30).

На официјалниот сајт на конференцијата презентирани се три столба на дејствување според кои треба да бидат насочени преговорите. Првенствено се истакнува дека оваа конференција треба да биде насочена кон имплементација, а не кон донесување на нови решенија. Тоа го потврдува и Акционата агенда (Action Agenda), која COP30 ја има дефинирано како начин резултатот од првото „Глобално преиспитување“ (Global Stocktake), се преточи во конкретни акции. Станува збор за механизам кој е воведен со Парискиот договор од 2015 година. Неговата цел е на секои пет години да се провери како светот напредува во исполнувањето на климатските цели. Споменатите три столба влучуваат:
- Исполнување на климатските обврски кои земјите веќе ги имаат превземено
- Зајакнување на глобалното управување со климата
- Ставање на луѓето во центарот на климатските одлуки.
Кога станува збор за последниот столб, COP30 воведува позначајно вклучување на децата и тинејџерите во самата климатска дебата и процесот на одлучување низ различни механизми. Акциската агенда има шест тематски столбови, во склоп на која има вкупно 30 најважни цели. Столбовите опфаќаат:
- Енергетска, индустриска и сообраќајна транзиција
- Управување со шумите, океаните и биодиверзитетот
- Трансформација на земјоделството и прехрамбените системи
- Отпорност на градовите, инфраструктурата и водните ресурси
- Развој на луѓето и општествата
- Субвенционирање и акцелератори (механизми за забрзување на акциите): финансии, технологии и капацитети
Со цел да се оствари замисленото, формирани се 30 активациони групи кои ќе го координираат спроведувањето на целите во склоп на секој од шесте столбови.

Акционата агенда исто така пружа прилика на COP30 да се поддржат целите на одржливиот развој (SDGs) преку решенија кои ја промовираат климатската правда, намалување на глад и сиромаштија, како и укинување на структурните нееднаквости, вклучувајќи ги и оние засновани на пол, раса и социоекономски статус.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија