Twiny го редефинира мултифункционалниот мебел што заштедува простор, а може да се користи во домашни услови и средини за ран развој на децата, како што се градинки и центри за дневна грижа. Оваа живописна модуларна софа комбинира одржливост, разноврсност и безбеден дизајн, што ја прави идеална за динамични, простори погодни за децата.

Twiny е добитник на престижната награда Red Dot Award: Design Concept, а овој иновативен модуларен систем на мебел создаден е за деца (и нивните родители) кои бараат повеќе од обично седење – простор кој се менува, инспирира и учи на креативност.
Зад симпатичниот изглед се крие вистинско мало чудо на дизајнот. Twiny се состои од два дела на софата кои се разделуваат за да откријат маса со прилагодлива висина и вградени прегради за складирање. За неколку секунди, просторот за одмор се претвора во катче за играње, цртање или учење. Најдобро од сè? Самата трансформација станува дел од играта – децата се воодушевени кога откриваат „тајни“ елементи и можат сами да го преобликуваат својот простор.

Twiny е дело на дизајнерот Nurettin Badur, а произведено е од кинеската компанијата Ziel Home Furnishing Technology, и не е само забавно парче мебел – туку е и еколошки одговорно. Внатрешноста е изработена од 100% рециклиран полиестер, додека масата е направена од комбинација од рециклирано дрво и пластика. Сето ова со задржана цврстината, безбедност и естетски шарм на пастелните и живите тонови. Заоблените, меки линии ги елиминираат острите рабови – совршено за малите авантуристи кои ја гледаат софата како полигон за игра.

За разлика од типичниот мултифункционален мебел фокусиран на возрасни, Twiny го става детето во центарот. Механизмот е едноставен и интуитивен, така што децата можат сами да ги разделуваат деловите, да ги отвораат преградите или да ја прилагодат масата. На овој начин, тие развиваат чувство на независност и просторно размислување, додека чистењето им станува игра, а не обврска.

Во време кога малите простори и флексибилните распореди станаа норма, Twiny нуди решение кое расте со детето. Од простор за читање до катче за креативност – едно парче мебел кое заменува три, со долготрајност и препознатлив дизајн.
Наградата Red Dot само го потврдува она што Twiny веќе го покажува: дека добриот дизајн може да биде функционален, одржлив и бескрајно забавен во исто време.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија