Насловна / Вести / Наскоро започнува примената на првата прекугранична јаглеродна такса во светот

Наскоро започнува примената на првата прекугранична јаглеродна такса во светот

Европската унија е на помалку од два месеци од воведувањето на својата јаглеродна такса, првата голема гранична такса на производи со високи емисии на јаглерод диоксид. Овој чекор има потенцијал целосно да ја преобликува глобалната трговија, и е дел од напорите на ЕУ да ги намали гасовите со ефект на стаклена градина од тешката индустрија и да ги поттикне почистите производни процеси ширум светот.

Почнувајќи од 01.01.2026 година, механизмот CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism), ги наметнува трошоците на стоките како челик, вештачки ѓубрива, цемент, алуминиум, вештачка енергија и водород, кои се увезуваат од земји вон ЕУ. Но, оваа уредба има и бројни противници. САД, Кина, Индија и Бразил се меѓу земјите кои изразуваат загриженост, и предуредуваат дека ваквите политики нема да придонесат во глобалната борба против климатските промени.  Но, за некои земји, CBAM претставува прв чекор во глобалната иницијатива во борбата против климатската криза. Тие сметаат дека, во наредните години цените на јаглеродот нема да бидат само европски експеримент, туку тие веројатно ќе опфатат и до 80% од глобалната трговија. На тој начин, CBAM ќе ги казни земјите без цврсти системи и ќе ги награди оние кои ќе ги усогласат своите системи за тргување со емисии со оној на ЕУ.

Испрати коментар

Scroll To Top