Насловна / Вести / Нов извештај открива: На регионот му се заканува енергетски шок поради CBAM

Нов извештај открива: На регионот му се заканува енергетски шок поради CBAM

Со оглед дека механизмот CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism) во целост се воведува од 01.01.2026 година, земјите од Западен Балкан се соочуваат со сериозен ризик поради неспроведената енергетска транзиција. Во новиот извештај кој го објави организацијата CEE Bankwatch Network, се наведува дека недоволната подготвеност на владите во регионот може да доведе до драматични последици – но и дека со брза реакција негативните ефекти може значително да се намалат.

Според правилата на CBAM, увозниците од ЕУ ќе мора да плаќаат надомест за емисиите на CO₂ содржани во стоката произведена надвор од Унијата, вклучувајќи ја и електричната енергија. Тоа значи дека узвозот од земјите кои и натаму се потпираат на јаглен, гас и нафта – што е случај со најголем дел од Западниот Балкан, ќе станат значително поскапи. Проценките на Bankwatch покажуваат дека доколку обемот на увоз на електрична енергија од Западен Балкан би се одржал на истото ниво, ЕУ би можела да оствари приход и до 965 милиони евра годишно, само по основ на CBAM.

Bankwatch истакнува дека владите на Западен Балкан пропуштиле прилика самите да воведат национални механизми за одредување на цени на јаглерод, што би им овоможило да го задржат приходот во своите национални буџети, но и да ги исполнат критериумите кои електроенергетскиот сектор би го изземале од CBAM. Ниту една земја од регионот, не напредувала доволно во усогласувањето со енергетските и климатските прописи на ЕУ. Сепак, авторите на извештајот нагласуваат дека сеуште не е доцна: со воведувањето на домашните системи за оданочување на емисиите, земјите би можеле да го ублажат ударот од CBAM и да генерираат и до 4,2 ,милијарди евра годишно за праведна и одржлива енергетска транзиција, вклучувајќи ја и поддршката за регионите зависни од јаглен.

Испрати коментар

Scroll To Top