Насловна / Вести / Илон Маск прави армија роботи: Некои ќе бидат хирурзи (ВИДЕО)

Илон Маск прави армија роботи: Некои ќе бидат хирурзи (ВИДЕО)

Милијардерот и извршен директор на Тесла, Илон Маск, изјави дека очекува да создаде армија од хуманоидни роботи Оптимус, произведувајќи најмалку милион единици годишно.

„Планираме да изградиме производствена линија за милион роботи ‘Оптимус’ годишно, се надеваме дека ќе започнеме со производство кон крајот на следната година“, рече Маск за време на телефонскиот конференциски повик за приходите од третиот квартал на Тесла, кој беше емитуван во живо на YouTube.

Тој додаде дека прототипот на третата генерација Оптимус ќе биде готов во првиот квартал од 2026 година – веројатно во февруари или март.

„Нема да личи на робот. Ќе личи на човек во тело на робот. Мислам дека ќе треба да го боцнете за да видите дека навистина е робот.“

Сепак, зголемувањето на производството на милион роботи годишно ќе потрае некое време.

Според неговите зборови, главната потешкотија е што „кај хуманоиден робот не постои синџир на снабдување“, па затоа компанијата ќе мора сама да ги произведува сите делови.

„Мојата главна загриженост во врска со контролата на гласањето во Тесла е следна – ако ја создадам оваа огромна армија роботи, дали еден ден можам да бидам отстранет?“, праша Маск.

Тој додаде дека ќе мора да се испочитува одредена постапка за да се држат новите машини под контрола.

„Акоја изградиме оваа армија роботи, дали имам барем некакво влијание врз тие роботи? Не се чувствувам удобно да градам таков робот ако немам барем некаква контрола врз него“, додаде тој.

Истакна дека во иднина ќе има нови модели.

„Би направиле ‘Оптимус 4’ – ќе ги има десет милиони единици. ‘Оптимус 5’ – можеби 50 до 100 милиони единици. Заедно со ‘Оптимус’ и автомобили што се управуваат сами, можеме да создадеме свет без сиромаштија, во кој секој има пристап до најдобрата медицинска нега“, нагласи сопственикот на Тесла.

„’Оптимус’ ќе биде неверојатен хирург“, додаде.

Маск првпат ја претстави идејата за хуманоиден робот во август 2021 година, а самиот „Оптимус“ беше официјално претставен во октомври 2024 година.

Во мај 2025 година, роботот „Оптимус“ се појави на црвениот тепих на филмска премиера во Холивуд, каде што изведе кунг фу демонстрација.

Испрати коментар

Scroll To Top