Насловна / Архитектура / Три минути: Предавање на архитект Никола Кипровски на факултетот МИТ

Три минути: Предавање на архитект Никола Кипровски на факултетот МИТ

На Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје, се одржа гостинското предавање на архитектот Никола Кипровски, искусен професионалец со долгогодишно искуство во Белгија и Македонија.

Во рамките на своето предавање под наслов „Простор, Природа, Архитектура, Човек, Простор“ архитектот Никола Кипровски впечатливо ни укажа колку просечниот човек може да издржи без кислород на планетата Земја – три минути – се разбира со должно извинување кон сите оние коишто како резултат на своите специјални обуки и вештини можат да издржат и нешто подолго.  Преку овој пример Кипровски ги потсети сите присатни за односот помеѓу архитектурата и природата, и особено за потребата од почитување и негување на природата како предуслов за опстанок на човештвото на оваа планета.

Ова ни беше предочено и илустрирано преку колаж од негови слики и пример на реализиран проект на деловен објект во градот Диегем кој се наоѓа во општината Мачелен во провинцијата Фламански Брабант во Белгија.  Градот е познат по тоа што дел од меѓународниот Аеродром во Брисел се наоѓа и во овој град.  Станува збор за проект од почетокот на овој век каде архитектот Кипровски се јавува како член на проектантски тим во архитектонско проектантско биро во Белгија.

Тој преку примерот на овој проект ни го прикажа процесот на нагодби помеѓу инвеститорот, урбанистичкта служба, идниот корисник на објектот и архитектот кој се обидува да ги избалансира барем делумно спротивставените интереси на клучните учесници во процесот. Така инвеститорот се обидува до максимум да ја изгради градежната парцела за да ја зголеми добивката од продажба или изнајмување на објектот.  Од друга страна урбанистичката служба се обидува да го промовира и запази јавниот интерест и добро, преку имплементација на урбанистичките прописи. Се разбира, идниот корисник на објектот сака да го купи или изнајми најдобриот можен деловен простор по најниската можна цена на посакуваната локација, итн.

Во овој случај архитектот предложил поголем дел од минимално пропишаниот да биде посветен на слободна отворена површина во рамките на парцелата за во истата да се засади зеленило и дрва што ќе помогнат на сите преку произвоство на кислород, а коешто немало да се реализира во иста мерка доколку нема можности за нивно садење.  Крајниот исход од преговарањето во однос на предложеното архитектонско решение се смета како исклучително позитивен за сите учесници во процесот, а особено за природата и животната средина со оглед дека резултирал во прифаќање на понуденото решение што овозможило создавање на поголеми зелени површини и садење на нови дрва во рамките на парцелата. Инвеститорот евентуално се согласил со намалената површина на објектот со оглед дека поголемото присаство на зеленило го зголемило квалитетот и привлечноста на објектот.  Од друга страна идниот купувач или корисник на објектот се согласил да го купи или изнајми за поголема цена, токму заради подобриот квалитет и привлечноста на објектот со зеленило.

Се разбира не е доволно само да се проектира и посади зеленилото, туку и истото да се одржува за време на животниот век на објектот, а што се обезбедува преку законските прописи и договорните обврски меѓу сите страни со процесот. Во овој случај одржувањето на зеленилото било потпомогнато преку вградувањето на системот капка по капка за наводнување на зеленилото, а системот добива вода од голма цистерна во која се собира дождовна вода од објектот.  На крајот од своето предавње архитектот Кипровски ни ја навести, по воздухот, следната тема на негово излагање – водата.

Покрај значајот на земање на природата во предвид при проектирање на секој објект, од предавањето произлегува и можно размислување на предностите и потенцијалните можности за подобрување на урабнистичкото планирање и проектирање во нашата земја, каде системот воглавно е базиран на претходно дефинирани урбанистички површини за градење во рамките на урбанистичките проекти и планови.  Ваквиот пристап може да се смета за релативно „крут“ со оглед на тоа дека ги ограничува можностите за креативноста на архитектите да резултира во предлагање и прифаќење на имагинативни решенија коишто можат да бидат понудени, наместо веќе дефинирание површини за градењењ на објекти коишто можат да биде предвидени пред повеќе години без истите да бидат усогласени со напредокот во урбанизмот и архитектурата во изминатиот период.

Предавањето на архитектот Кипровски беше организирано од страна на Факултетот за архитектура при МИТ Универзитетот во Скопје и се одржа во речиси исполнетиот амфитеатар на факултетот. Инспиративното предавање предизвика не само голем интерес според бројот на посетители, туку уште повеќе според дискусиите што се развија по провоцирани од предавањето и траеа занчително подлого од самото предавање.  Веројатно е дека доколку амфитеатарот беше достапен и за подолог период, дека истиот ќе беше посветен на предавњето и дискусијата до последниот слободен момент.

Темите опфатени во дискусијата беа исклучително актуелни и одраз на проблемите со кои професијата се соочува во секојдневаната пракса, но и пошироката јавност.  Така на пример се говореше за потребата за повторно воведување на функцијата градски архитект или дури и градски архитекти, но кои би требале да бидат назначени од струката, а не од градоначалникот или политичарите, а со јасно дефинирани права и обврски, вклучително со ингеренциите да можат да спречат изградба на несоодветни објекти, и сл. Значително се дискутираше и за етиката во професијата и пошироко, како и за потребата не само за осознавање, туку и примена на истата во секојдневото делување. Се разбира чувството на прекумерната населеност и преизграденоста во урбаната средина не беа изоставени во дискусијата, со различни видувања, каде некои ги согледуваат проблемите по, а други и пред осамостојувањето на земјата. Во овој контекст се говореше и за потенцијалните предизвици што произлегуваат од просторниот развој на земјата, каде се чини дека за сега акцентот е на централизираниот наместо на децентрализираниот развој. Исто така се дискутираше и за улогата на Комората ОАИ и Асоцијацијата на архитекти ААМ, а беа искажани и мислења за потреба од построги критериуми за влез во професијата и при издавање на овластувања и лценци. Неизбежно беше нагласена и потребата за поголема партиципација при изработка на планските документи, како и при носењето одлуки за издавње на урбанистички согласности за нови објекти, и тоа не само од струката, туку и од пошироката јавност.

Не можеше, а да не се забележи чувството помеѓу присатните дека веројано постои потреба од „ресетирање“, не само во професијата, туку и пошироко во опшетсвото за да се постават работите на поздрва основа од која се очекува да призлезат подобрувања во рамки на изградената и животната средина, а од кои последователно ќе произлезат придобвики не само за сите нас сега, туку особено и за идните генерации.

Наспроти во најголема мерка неформалните дискусии по предавњата во рамките на БИМАС 2025, од поформалната дискусија по предавњето на архитектот Кипровски прозилегува дека веројатно има и потреба и критичка маса за одржување на јавни дискусии и дебати поврзани со професијата и изградената средина.  Веројатно се поставува само прашањето кој ќе го превземе организирањето на овие средби и дебати, ААМ, Комората, некои сродни асоцијации или пак некои невладини организации.  Ова е дотолку поважно бидејќи денес технологијата овозможува вакви настани да се оржуваат и виртуелно на дистанца или пак хибридно што може од една страна да ги намали организациските трошоци, но многу позначајно да ја зголеми инклузивноста и масовноста на истите избгенувајќи ја потребата за патување на настанот.

Се чини дека сегашните можности за размена на мислења се доста ограничени и веојатно се сведиваат на Годишата средба на архитектите и понекоја дискусија по предавање, и сл. Она што малку е и за чудење, веројатно е и одсаството на одреден форум на ниво на државата во рамките на кои да речеме насатвниот персонал на седумте архитектонски факултети во земјата, вклучтелно и оние од средните технички школи со слични насоки би се собирале на одредени временски интервали за да меѓусебно ги диксутираат актуелните проблеми, не само во доменот на наставниот процес туку и пошироко, особено со оглед на тоа дека на нив паѓа задачата за обука на идните генерации на архитекти.

Но во исчекување на идното предавње на архитектот Кипровски посветено на водата, да му се заблагодариме на ова мошне инспиративно, одржаното за воздхот и особено за живата дискусија која произлезе од истото.

Испрати коментар

Scroll To Top