Во 2023 година, бугарската престолнина вовела т.н. зона на ниски емисии. Со тој пропис, на одредени возила им е забранет пристап во центарот на Софија, со цел подобрување на квалитетот на воздухот. Едно неодамнешно истражување најави дека оваа мерка, една од првите од таков вид во Европа, дала резултати.

Инаку, зоната нa ниски емисии предвидува ограничување на брзината на возилата на 30 km/h, а за најголемите загадувачи е забранет влез во градот. Пристапот е ограничен врз основа на еколошки критериуми: возилото по извршениот технички преглед добива еколошка налепница. Во почетокот, во текот на тримесечен период бил забранет влез за бензинските мотори класа Еуро 2 и пониска, за прв пат регистрирани пред 1996 година, и за дизел возилата прв пат регистрирани пред 1998 година, вклучувајќи Еуро 3 и пониски. Минатата година, забраната е проширена на Еуро 3 за бензинците и Еуро 4 за дизелашите.

Sofia, Bulgaria – September 19, 2018: A picture of the St. Kyriaki Cathedral as seen through the buildings of a nearby street.
Конечно, од 1-ви декември 2028 година, возилата на дизел и бензин ќе можат да имаат пристап во зоната само доколку биле регистрирани најрано во септември 2009 година, а забраната важи за сите заклучно со Еуро 6. Овие правила нема да важат за жителите со живеалишта во зоната, како и за лицата со инвалидитет. Контролата се врши автоматски, со помош на камери на влезните точки во зоната. Регистрацијата се проверува во базата на податоци за еколошките групи. Оваа зима зоната се проширува од построгиот центар на поголема урбана област.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија