Скулптурата на лав на плоштадот Свети Марко во Венеција е еден од најпознатите симболи на градот, кој веќе повеќе од седум века гледа преку градската пијаца. Долго време се сметало дека е дело на европски мајстори, но новата анализа открива дека лавот всушност е излиен од бакар од долниот слив на реката Јангце во Кина, што значи дека неговата историја е многу постара и пофасцинантна отколку што се сметаше претпоставувало.

За прочуената бронзена скулптура на лав на знамето на Венеција, тешка околу 3.000 килограми, досега се веруваше дека е создадена во локални леарници или ковачници. Исто така, се претпоставувало дека лавот можеби потекнува од Месопотамија, древна Персија или античка Грција.
Меѓутоа, скулптурата поминала многу подолг пат од она што го очекувале научниците: Истражувањата укажуваат дека скулптурата по стѕилот многу повеќе потсетува на фигурите на чуварите на гробниците од кинеската династија Танг, отколку на класичните европски прикази на лавови или грифини.

чувар на гробница од династијата Танг со кој е спореден лавот од плоштадот Свети Марко во студија во списанието Антика
За да го утврдат нејзиното потекло, истражувачите спровеле анализа на изотопи на олово, сигурен начин за поврзување на металите со рудниците од кои потекнуваат. Во овој случај, резултатите јасно упатувале на бакарна руда од долниот тек на реката Јангце.
„Венеција е град полн со мистерии, но една е решена“, вели д-р Масимо Видале од Универзитетот во Падова, кој учествувал во истражувањето. „Лавот на Свети Марко потекнува од Кина и поминал по Патот на свилата.“
Откако пристигнала во Венеција, скулптурата е радикално модификувана – бројни делови од телото се изменети, а најверојатно некогаш имала рогови. Ова значи дека првично служела како чувар на гробница во Кина, а дури подоцна, по бројни измени, станала крилестиот лав на плоштадот Свети Марко.

големиот бронзен лав на плоштадот Свети Марко
Нема пишани записи за нејзиното пристигнување во Венеција, ниту кога е поставена на висок столб, но некои претпоставки на научниците сугерираат дека можеби ја донеле оние што патувале по Патот на свилата – можеби дури и членови на семејството Поло, кои имале контакт со монголскиот двор во Канбалик (денешен Пекинг) во текот на 13 век. Можно е скулптурата да пристигнала во Венеција благодарение токму на нивното посредништво. Првите познати пишани информации за лавот датираат од 1293 година, каде што во документите се бележи дека скулптурата веќе била оштетена и ѝ била потребна реставрација, пренесува „Дејли меил“.

Овие откритија не само што решаваат долгогодишна мистерија околу еден од најзначајните симболи на Венеција, туку укажуваат и на ретки, но важни контакти меѓу Европа и Кина во средниот век. Доколку лавот навистина патувал по Патот на свилата, неговото поставување во срцето на Венеција може да се протолкува не само како политичка порака за моќ, туку и како доказ за импресивни меѓународни врски меѓу два далечни света од таа ера.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија