Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, професорот на Градежен факултет – Скопје, Горан Марковски, кампањата ја почна со прес-конференција на мостот „Љубљанска“ во Карпош, а чиј проектант е токму професорот Марковски.
На Скопје му требаат функционални и безбедни мостови, кои ќе функционираат и ќе придонесуваат кон растеретување на сообраќајот во главниот град. Ова го изјави професорот Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.
Меѓудругото тој истакна дека мостот „Љубљанска“ не е пуштен во употреба, не функционира затоа што властите се конфронтираат меѓусебно во врска со еден дел од мостот во должина од пет метри, кој треба да се доврши, но градот и општината ја префрлуваат надлежноста од еден на друг.
„Мојата визија за Скопје е град со значително поголема безбедност во сообраќајот, каде што ќе се мапираат сите критични точки и ќе се постави поголема сигнализација. Сепак, планираме и дестимулирање на возењето на автомобили. Јавниот транспорт и алтернативните превозни средства мора да станат наше секојдневие“, истакна Марковски.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија