Насловна / Вести / Највисокиот мост во светот отворен во Кина: Висок е неверојатни 625 метри (ВИДЕО)

Највисокиот мост во светот отворен во Кина: Висок е неверојатни 625 метри (ВИДЕО)

Мостот Huajiang Grand Canyon се издига 625 метри над реката Беипан и клисура во југозападната покраина Гуиџоу во Кина. Свеченото отворање и пуштање на мостот за сообраќај се одржа на 28 септември.

Huajiang Grand Canyon ја презема титулата највисок мост во светот од соседниот мост на истата река (одалечен околу 100 километри), Беипанџијанг, кој е висок 565 метри.

„Отворањето на мостот го намалува времето на патување помеѓу двете страни од два часа на две минути“, изјави шефот на покраинскиот оддел за транспорт, Џанг Јин, на прес-конференција.

Во август годинава, тимот задолжен за тестирање довезе 96 камиона на одредени точки за да ја тестира конструктивната стабилност на мостот.

Мостот се протега 2890 метри во должина над реката Беипан и има главен распон од 1420 метри.

Изградбата на овој мега-инфраструтурен проект траела три години и чинела околу 240 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top