Системот на ЕУ за трговија со емисии за патен сообраќај и згради (EU ETS 2), чија примена е планирана од 2027 година, претставува незаменлив инструмент за ефикасно и трошковно рационално намалување на емисиите, се наведува во новиот извештај на Центарот за европски политики (ЦЕП). Ова е посебно значајно за секторот на тежок патен сообраќај, кој се вбројува меѓу најголемите емитери на јаглерод диоксид во Европа. Поради тоа, и покрај политичкиот притисок, EU ETS 2 не смее да биде укинат или ослабен.
Здружението на европски производители на автомобили (ACEA), на својата официјална страница објави текст во кој се анализира зошто постојат поделени мислења кога станува збор за неговата примена. Од една страна, се стравува дека примената на EU ETS 2 би можела да доведе до неочекуван пораст на цените на CO2, што директно би се одразило на раст на цените на фосилните горива и со тоа би ги погодило потрошувачите. Многу држави членки, посебно оние со пониски приходи, се грижат дека таквиот развој на настаните би можел да предизвика социјални тензии и да ги зголеми трооците на живот. Од друга страна, ЦЕП предупредува дека Европа е на критична пресвртница во својата климатска политика. Слабеењето на овој механизам ќе ја загрози декарбонизацијата, а неговото одложување или укинување би довело до построги контролни мерки од страна на ЕУ. Таквите мерки, како директни забрани или строги технички стандарди, би можеле несразмерно да погодат групи со ниски примања, но и идустриската конкурентност.

Една од клучните предности на EU ETS 2 лежи во тоа што ја поставува вкупната горна граница на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, но истовремено им дава флексибилност на учесниците на пазарот сами да бираат како ќе ги намалат емисиите. На тој начин, цената на CO2 одредена на пазарот покажува кои мерки за намалување на емисиите се најисплатливи и најефикасни. Ова е посебно значајно за секторот сообраќај, бидејќи придонесува за намалување на вкупните трошоци за сопственост на возилата со нулта и ниска емисија. Во случај цената на CO2 да остане ниска, климатски прифатливите возила не ќе можат да се натпреваруваат со конвенционалните по пазарни услови. EU ETS 2 посебно добива на значење бидејќи одредени делови од законодавната рамка на ЕУ за декарбонизација сеуште не се усвоени. Тоа се однесува на измена на Директивата за оданочување на енергијата како и на Директивата за маси и димензии на комерцијални возила. Дотогаш, ETS 2 останува најдоверлив инструмент за постигнување на климатските цели. И покрај тоа, постои политички отпор. Дури 18 држави членки неодамна повикале на измени на системот, што од страна на ЦЕП е оценето какао чекор кој ги загрозува неговите основни функции. Таквите измени не само што ќе го успорат процесот на декарбонизација, туку би го зголемиле и ризикот од донесување на рестриктивни мерки, се наведува во извештајот.

За да се обезбеди општествена прифатливост, клучно е доследно да се примени механизмот на компензација, Фондот за социјален климатски премин (Social Climate Fund), кој веќе е воспоставен со цел државите членки да ги ублажат финансиските тешкотии кои би можеле да настанат поради спроведувањето на ETS 2. Иако овој фонд пружа значителна поддршка, таа и натаму не е доволна. Затоа, стручњаците нагласуваат дека е потребно дополнително зајакнување на ваквите инструменти, со цел транзицијата да биде праведна и прифатлива за сите граѓани.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија