Општина Аеродром поднесе кривична пријава против скопското Јавно претпријате (ЈП) „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина. Кривичната пријава е поднесена до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството, откако „Комунална хигиена“ неколку дена не го собираше ѓубрето низ Скопје.
Од Општина Аеродром велат дека нивните екипи во изминативе три дена соберале 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја извршува.
„Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности односно чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад.Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање“, соопштија од Општина Аеродром.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија