Насловна / Архитектура / ПАРИ: Архитектонските фирми во земјава оствариле приходи од 35,34 милиони евра. Кој е на врвот?

ПАРИ: Архитектонските фирми во земјава оствариле приходи од 35,34 милиони евра. Кој е на врвот?

Анализа на новинарот Маја Анастасова за www.pari.mk , за работењето на архитектонските фирми во земјава.

Архитектонските фирми во земјава лани оствариле вкупни приходи од 2,17 милијарди денари. Во евра тоа се 35,34 милиони. Во однос на 2023 година, во овој сегмент има раст од 10,3 насто. Пониска е стапката на зголемување кај заедничката добивка. Станува збор за сума од 331,2 милиони денари, односно за 5,39 милиони евра, а финансискиот резултат е подобрен за 7,71 насто. Овој сектор минатата година вработувал 1.349 лица, а тоа е за 6,06 насто повеќе отколку во 2023 година. За сите нив, во секој од 12-те лански месеци била исплаќана просечна плата во износ од по 8,49 милиони денари (138 илјади евра), проследена со годишен раст од 23,36 насто.

Ова е општата слика создадена од 373 архитектонски компании со различен удел во вкупните постигнувања. Врз основа на податоците од Бизнис Мрежа, порталот Пари ја анализира работата на десетте најдобри – по остварен приход, добивка и број на вработени.

ПРИХОД СО РАСТ ОД 4.693,77 НАСТО!

Со износот од 12,46 милиони евра, фирмите од листата топ 10 зафаќаат 35,26 отсто од вкупниот пазарен приход во архитектонската дејност. Споредено со 2023 година, кога инкасирале 9,48 милиони евра, работата напреднала за 31,41 насто. Приливите на средства се движат од над 600 илјади до близу 2,8 милиони евра. Притоа, се работи за компании со адреси во пет градови: пет од Скопје, две од Тетово и по една од Штип, Струмица и Велес.

Лидер, со 2,78 милиони евра приход, е Друштвото за градежништво, проектирање и инженеринг Сити Билд од Скопје. Всушност, успешната реализација на деловните активности на оваа компанија ѝ ги обезбедува првите позиции и на другите две топ 10 листи.

Меѓутоа, според процентуалниот раст од извонредни 4.693,77 насто, без конкуренција е компанијата со полно име Друштво за проектирање, градежништво, трговија и услуги ХМ Пројект ДОО експорт-импорт Тетово. Приходите, кои преклани изнесувале 13.400 евра, лани достигнале 643.200 евра, што е доволно за десеттото место на табелата.

Меѓу најдобрите според приходот е и државната Агенција за планирање на просторот Скопје. Износот од 2,1 милион евра ја рангира на високото второ место. Институцијата со клучна улога во урбанистичкото планирање на приходната страна бележи годишен раст од 8,4 насто, кој е најнизок во однос на другите фирми.

Следат три компании со приход од над милион евра. Скопската Прима Инженеринг со 1,48 милиони евра, постигнала и висок раст од 126,36 насто. Студио Атриум од Штип е на четвртата позиција со 1,41 милион евра. А, пак, Геоконтрол од Струмица е на средина од табелата со приход од 1,03 милиони евра. Таа е и една од двете фирми што лани имале пад во приходите (втората е Бесиан Мехмети Арцхитецтс Тетово).

НАЈПРОФИТАБИЛНИТЕ СЕ СО ЗАЕДНИЧКА ДОБИВКА ОД 2,33 МИЛИОНИ ЕВРА…

Целиот текст прочитајте го тука

Испрати коментар

Scroll To Top