Насловна / Архитектура / Денес се одржа презентација на новиот проект за Универзална сала

Денес се одржа презентација на новиот проект за Универзална сала

Новата Универзална сала во Скопје ќе има 1.200 седишта наместо како претходно 1.500, партер-седишта кои се склопуваат и даваат можност да се прошири сцената, ЛЕД сијалици наместо рефлектори кои се енергетски поефикасни.  Подобра акустика, заштита од бучава на околните згради, дислокација на гардеробите за да се ослободи простор во фоајето, сцена која ќе може да се моделира во зависност од потребите на перформансот, како и канцеларии за 50 вработени, пристап за лица со посебни потреби, предвидува новиот проект за изградба на Универзалната сала во Скопје, чија реконструкција престана по пожарот лани во април.

Ова се дел од новите решенија кои денеска ги претстави архитектот Бујар Муча кој е автор на проектот.

Новиот проект е изработен од истот архитект, Бујар Муча, кој во времето кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, го подари како донација првичниот проект за реконструкцијата на Универзалната сала. Тој вели дека едвај чека да почне со изградба Универзалната сала, за да го види своето дело заживеано.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека на 26 септември завршува повикот за јавна набавка за изведувач, и очекувањата се до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе започне изградбата на Универзалната сала по системот „клуч на рака“. Универзална сала треба да биде готова до крајот на 2027  и со тоа ќе биде во функција за проектот Скопје Европска престолнина на културата 2028.

За овој проект одвоени се 20 милиони евра, распределени во три години. За 2025 година наменети се 15.958 милиони денари, 360 милиони денари за 2026 и за 2027 година 450 милиони денари.

„Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките од испитувањата што Министерството за култура и туризам ги побара како неопходност што произлезе од пожарот на објектот“, рече Љутков на денешната презентација пред медиумите.

Испрати коментар

Scroll To Top