Dongfang Electric на полигонот кај брегот на Бохајското море, ја тестира најголемата ветерна турбина во светот, од 26 MW. Предвидена е за ветерни електрани на море, па проектантите примениле најнапредна технологија за заштита од корозија и тајфуни. Истата кинеска компанија се подготвува да инсталира рекордно моќна пловечка ветерна турбина.

Siemens Gamesa ни шест месеци не го задржа првото место во светот со својот прототип SG DD-276 од 21,5 MW, кој го тестира во Данска. Оваа титула повторно се враќа кај China Dongfang Electric Corp. (DEC). Оваа ветерна турбина од 26MW има пречник на роторот од 310 метри, а лопатките се исто така со рекордна должина, 153 метри.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија