Чешка бележи значајни успеси во борбата против климатските промени – од намалување на емисите на стакленички гасови за 47% во однос на 1990 година, до амбициозни планови за зголемување на уделот на енергија од обновливи извори во енергетскиот микс. Оваа земја има условено стратешки национални документи за заштита на климата, кои се однесуваат на период до 2030 година, со перспектива до 2050 година. Како една од високоиндустријализираните земји во ЕУ, со големо учество на секторите кои трошат голeми количини енергија, Чешка ќе се соочи со релативно сериозни последици и трошоци во процесот на премин на нискојаглеродни и технологии без емисии. Но, во овој контекст значајно е финансирањето кое се обезбедува преку ЕУ фондовите.


Конкретен пример на добра пракса е програмата „Ново зелено штедење“, која придонесува за намалување на енергетската потрошувачка на зрадите, поттикнување на користењето на енергија од обновливи извори, подобрување на квалитетот на домувањето и создавање на можности за нови работни места. Програмата се фокусира и на ранливите домаќинства (субвенционирана поддршка за повозрасните граѓани и домаќинствата со ниски примања), со што се поддржува општествената одржливост и се придонесува во решавањето на енергетската сиромаштија. Чешката Република сака да го зголеми уделот на нуклеарната енергија во производството на електрична енергија на 68% во 2040 година (сега е околу 40%), преку завршување на изградбата на новите блокови во „Дуковани“ (2×APR-1000) и воведување на до 3 GW капацитет во мали модуларни реактори (SMR). Очекуваните бенефити на таа стратегија се стабилност, нискоемисиона електрична енергија, поголема енергетска сигурност и намалена зависност од јаглен и природен гас.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија