Насловна / Вести / Словенија: Кафулиња за „зелена иднина“

Словенија: Кафулиња за „зелена иднина“

Патувачките кафулиња за „зелена иднина“ кои во нареднот период ќе бидат поставени во центрите на 9 словенечки градови, имаат за цел да го разбијат митот дека конкурсите се само за најупорните и бирократски снаодливите. Граѓаните ќе имаат прилика од прва рака да се информираат за актуелните конкурси и финансиски субвенции во областа на енергетиката и одржливата мобилност.

Вакви кафулиња ќе бидат поставени во центрите на градовите: Копар, Целје, Ново Место, Нова Горица, Марибор, Крањ, Мурска Собота, Словењ Градец и Љубљана, каде посетителите ќе можат да ги прашаат советниците од Министерството за животна средина, клима и енергија се што ги интересира во врска со добивање на средства за купување на електрични велосипеди, електрични полначи, кофинансирање на сопствени соларни електрани, кредитирање на зелени инвестиции, енергетски реконструкции на домовите и слично. Во овие кафулиња, посетителите ќе имаат можност да видат и примери на добра пракса – проекти кои се веќе успешно реализирани.

Испрати коментар

Scroll To Top