За прв пат после половина век, Шведска планира да ги прошири своите нуклеарни капацитети. Нуклеарната електрана „Рингхалс“ која се наоѓа на југозападот од земјата, ќе добие три до пет мали модуларни реактори, чиј вкупен капацитет е проценет на околу 1.500MW.

Оваа скандинавска земја во 1980 година на необврзувачки референдум изгласала постепено гасење на нуклеарната енергија, по што има затворено 6 од вкупно 12 реактори. Но, во настојувањето да го намали користењето на фосилните горива, мнозинството политички субјекти денес го поддржуваат развојот на нуклеарната енергетика, заедно со обновливите извори на енергија. Трошоците за проектот сеуште се предмет на преговори, а планирано е до 2035 година реакторите да бидат спремни за погон. Во моментот 6 активни нуклеарни реактори во Шведска покриваат околу 30% од потребите на земјата од електрична енергија. Мaлите модуларни реактори се полесни за изградба и поефтини од големите нуклеарни постројки. Сепак, оваа технологија и натаму се истражува, а досега во светот се изградени и пуштени во погон мал број единици.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија