Насловна / Вести / Првото 3Д печатено детско игралиште во светот е изградено во Кина

Првото 3Д печатено детско игралиште во светот е изградено во Кина

Boulder Park во Кина, првото детско игралиште направено со 3Д печатење на бетон од кој се обликувани карпи за качување, пештери и тобогани. Овие елементи, покрај физичката активност, ќе внесат авантура и забава во секојдневната игра на децата.

Бирото Xisui Design со седиште во Шангај проектирало игралиште од 4.000 квадратни метри во градината Yunwan во Jinan, коjа е многу поголема, околу 13.000 квадратни метри.

Распоредени околу песок, 3Д бетонските елементи служат како основа за лулашки, трамболини, тобогани, ѕидови за качување и тунели. Најголемата 3Д печатена структура е тобоган со две закривени падини и засолништа налик на пештера.

Елементите се создадени во соработка со Guanli Intelligent Technology Co., компанија која развива градежни решенија со 3Д печатење. Тимот користел компјутер управуван со роботска рака која прецизно истиснува течен или полуцврст бетон, кој потоа се стврднува, градејќи ја заоблената структура слој по слој со екстремна прецизност и естетска слобода.

Според архитектите, 3Д печатењето е одлично решение за игралишта. Технологијата овозможува изработка на предмети од која било форма од трајни материјали, а воедно заштедува суровини и работна сила. Покрај тоа, печатените предмети имаат заоблени агли, што е важно за безбедноста на децата.

Архитектите нагласуваат дека способноста на 3Д печатениот бетон економично да создава издржливи и органски форми го прави овој концепт „идеален избор“ за игралишта.

„Во пејзажните проекти, надворешниот изглед, можноста за постигнување органски форми, едноставноста на изградбата и вградувањето, и заштедата на трошоците за работна сила се примарни фактори. Технологијата на 3Д печатење, со своите значајни предности во овие аспекти, стана идеален избор за оваа намена“, рече директорот за дизајн Hu Yihao.

Покрај ова 3Д печатено игралиште, паркот има и разни други содржини кои ги покануваат децата да се качуваат, истражуваат и да се поврзуваат со природата на неочекувани начини. Просторот од 13.000 квадратни метри располага со водна градина, шумска патека и зони за играње слични на кањон, секоја обликувана за интеракција, безбедност и сензорно учење.

Испрати коментар

Scroll To Top