Насловна / Архитектура / Архитектонски класик: Куќата Кошино на Тадао Андо

Архитектонски класик: Куќата Кошино на Тадао Андо

Куќата, што Тадао Андо ја проектирал 1979-81 година за модната дизајнерка Хироко Кошино, е вистински лавиринт од светлина и сенки. Како и Луис Бараган, архитектот се стреми да ги усогласи принципите на меѓународниот модернизам со традицијата и пејзажот, во овој случај, јапонскиот. Куќата Кошино е пример за современа архитектура изградена во две паралелни крила кои едвај го прекинуваат пејзажот.

Употребата на бетон, едноставноста и третманот на светлината се типични карактеристики на јапонската архитектура.

Куќата Кошино се наоѓа во Ашија, мал град сместен помеѓу Осака и Кобе, два големи урбани центри во Јапонија. Изградена е во приградска, станбена населба во ридовите на градот. Сместена на планинска падина и густо пошумена, куќата Кошино е вкопана во земја, со неправилни контрасти кои силно се надополнуваат со острината на геометриските форми на зградата.

Ефектот се постигнува со силен наклон, посетителот доаѓа одозгора и пред да влезе може да го види кровот на куќата.

Куќата е организирана во два паралелни волумена, споени со подземен премин кој дефинира централен двор. Едното крило содржи пократка дневна соба со двојна висина, додека во најдолгото крило се наоѓаат неколку спални соби. Студио, во форма на полумесечина, веднаш до дневната соба, додадено е подоцна, во остар контраст со постоечките делови.

Влегувањето во куќата е од ниво. Оттука, дневната соба се наоѓа надолу во просторија со двојна висина. Во едно крило паралелно со зградата, поврзано преку ходникот кој е скоро под земја, може да се пристапи до бројни простори и соби за деца.

Целата куќа е структурирана како јапонска градина околу серија сценски позадини, проектирана да ја зајакне свеста за природата. Два големи отвори во дневната соба нудат поглед на стрмните падини, со дрвја и ридови во далечина. Во 1983 година, Андо добил задача да додаде студио. Дополнувањето е целосно под земја, северно од собата, обрабено со ѕид.

Иако оваа куќа е често поврзувана со минимализмот, таа може подобро да се разбере во контекст на архетипските форми на храмови и естетскиката на Зен Будизам.

Друг фактор што вреди да се напомене е дека нема декоративни елементи. Погледот што го пружаат широките отвори заедно со сенките што се фрлаат низ тесните отвори и светларници во комбинација со текстурата на бетонот, делуваат како единствен украс.

Сите ѕидови се направени од натур бетон, бес украси и во нивната природна форма. Андо го користел овој материјал затоа што е начин да се прими светлина и ветер во ѕидовите и да се создаде чувство на спокојство и широки отворени простори.

За Куќата Кошино Тадао Андо вели:  „Во архитектурата, светлината е најсмоќниот материјал. Во куќата Кошино, сакав да користам бетон за да создадам темнина, за светлината да може да стане архитектура“.

Испрати коментар

Scroll To Top