Насловна / Вести / Истражување спроведено во 157 земји укажува на поврзаноста помеѓу екстрeмно топлото време и менталното здравје

Истражување спроведено во 157 земји укажува на поврзаноста помеѓу екстрeмно топлото време и менталното здравје

Високите температури, кои се честа последица на климатските промени, влијаат врз секојдневните физички активности, а едно ново истражување покажува дека влијаат и врз менталното здравје. Истражувањето е спроведено од страна на група научници, а трудот е објавен во часописот One Earth, со наслов „Нееднакво влијание на растот на температурите врз глобалните чувства на човекот“. Научниците анализирале 1,2 милијарди објави на социјалните мрежи од 157 земји во текот на една година. Во таа прилика, дошле до сознанија дека кога температурата е над 35 степени Целзуисови, чувствата стануваат за околу 25% понегативни во сиромашните земји, односно околу 8% во економски развиените земји.

Секоја објава на социјалните мрежи е оценета на скала од 0.0 (многу негативна) до 1,0 (многу позитивна). Објавите потоа биле географски групирани во 2.988 локации и споредени со климатските податоци. На тој начин, истражувачите ги поврзале екстремните временски услови со изразеното расположение. Утврдено е дека во земјите со ниски и средни приходи, луѓето чувствуваат пад на расположението поради екстремните жештини три пати поинтензивно отколку жителите на земјите со високи приходи. Користејќи долгорочни климатски модели, и очекувајќи одредено прилагодување на жештината, истражувачите направиле проценка на влијанието на екстремните температури до 2100 година. Научниците истакнуваат дека сепак применетата методологија има одредени недостатоци, имајќи предвид дека повозразните и децата помалку користат социјални мрежи. Истражувањето е дел од проектот Global Sentiment, кој го води Лабораторијата за одржлива урбанизација на MIT.

Испрати коментар

Scroll To Top