Пловечките ветерни турбини отвораат сосема ново поле за енергетските компании, кои досега морале да се држат до плитки води.
Кинеските инженери направиле прототип на пловечка ветерна турбина за која тврдат дека соборила рекорди во производството на електрична енергија, што би можело да го означи почетокот на нова генерација обновливи извори на енергија.
Турбината е резултат на истражување на кинескиот енергетски гигант „China Huaneng Group“ и производителот на енергија „Dongfang Electric Corporation“, обете државни компании.

Секоја турбина би можела да произведе 17 мегавати чиста електрична енергија, односно 68 милиони киловат часови (kWh) годишно. Тоа е доволно за напојување на околу 6.300 домаќинства.
За да се произведе оваа количина на енергија, централниот дел од турбината, во кој се наоѓа генераторот, е поставен на кула висока 152 метри, со лопатки кои вкупно имаат дијаметар од 262 метри.
Секое „замавнување“, или ротација од 360 степени, покрива површина од 53.000 квадратни метри.

Зголемувањето на количината на електрична енергија што може да ја произведе една турбина е важно за пошироката примена на енергијата на ветерот, бидејќи го намалува вкупниот број турбини што треба да се инсталираат во една ветерна фарма. Ова ги намалува трошоците и го забрзува почетокот на производството на струја.
Секако, колку подалеку се турбините од брегот, толку се потешки временските услови. „China Huaneng Group“ соопштила дека пробната турбината може да издржи бранови високи до 24 метри, како и тајфунски ветрови – побрзи од 118 километри на час.
Производителите ќе ја тестираат турбината покрај брегот на градот Јангџанг во наредните месеци.

Пловечките турбини ги прошируваат можностите
Иако изградбата на ветерни фарми на море е поскапа и произведуваат поскапа струја по единица отколку оние на копно, поставувањето турбини на отворено море ги изложува на посилни и поконстантни ветрови – што овозможува поголемо производство на енергија со помалку застој.
Повеќето турбини на море се фиксни или закотвени на морското дно. Ова е исплатливо во плитки води, како што е Северното Море, кое во просек има длабочина од само 90 метри.
Сегашните фиксни турбини, како „GE Vernova Haliade-X“ во британската ветерната фарма „Доџер Бенк“ во Велика Британија, имаат снага од 13 мегавати, додека „Dongfang Electric“ јавно тестирал фиксна турбина од 26 мегавати во јуни 2025 година. Најмоќните турбини во американските води се „Siemens Gamesa 11.0-200 DD“ од 12 мегавати, во ветерната фарма „South Fork Wind Farm“.
Меѓутоа, голем дел од светските океани не се погодни за фиксни турбини, бидејќи просечната длабочина на глобалните мориња е дури 3.682 метри, според Националната океанска и атмосферска администрација (НOAA). Најдлабоката фиксна конструкција досега е поставена во склоп на ветерната фарма „Seagreen“ во Шкотска, на длабочина од 58,6 метри.

Тоа е веќе длабоко за фиксни турбини, а според ESMAP, сите води подлабоки од 50 метри се сметаат за несоодветни за турбините.
Од друга страна, Глобалниот совет за енергија на ветрот проценува дека 80 отсто од светскиот потенцијал на енергија од ветер е во води подлабоки од 60 метри, што е премногу длабоко за фиксни турбини.
Со проширување на примената на пловечките турбини, енергетските компании и државите би можеле драматично да ја зголемат количината на енергија генерирана од ветерот со поставување турбини во подлабоки води.
На пример, Јапонија, која не можеше да ги користи поголемиот дел од своите длабоки територијални води за енергија од ветерот, сега би можела да користи пловечки турбини како обновлив извор. Јапонија постави амбициозна цел за производство на 30-45 гигавати енергија од ветерот до 2040 година, при што се очекува пловечките турбини да играат клучна улога.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија