Островот Агиос Ефстратиос, освен по својата историја и природни убавини, сега е и пример за енергетска автономија и одржливост. Тој е првиот остров неповрзан со електроенергетската мрежа на Грција, кој ги подмирува сите свои потреби од електрична енергија од обновливи извори. Авангардниот енергетски комплекс засега е во пробна работа. Агиос Ефстратиос, на кој постојано живеат околу 250 жители, припаѓа во групата мали острови во енергетска транзиција спроведена преку проекти покренати на национално ниво и со финансиска помош на ЕУ. Изведувач нa работите на овој остров била компанијата Terna Energy.

Во склоп на хибридниот енергетски систем се ветерна турбина од 900kW и фотонапонска постројка од 225kW. Вкупно, ќе произведуват околу 3GWh електрична енергија годишно. Еден дел од оваа енергија ќе се складира во батериски систем за складирање (BESS). Островот добил и 4 километри долга мрежа за далечинско греење. Овие решенија можат да се применат и на други острови или во микромрежи.

Грчката влада минатата година формирала Фонд за декарбонизација на островите, со финансирање на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија