Познатата швајцарска дизајнерска куќа Vitra и легендарниот германски бренд за луксузни куфери RIMOWA ги здружија силите за прв пат – а резултатот е елегантна, функционална и неочекувано практична колекција што ги поместува границите помеѓу ентериерот и патувањето.


Оваа ексклузивна соработка носи двe совршено дизајнирани парчиња: табуретка на тркала со скриен простор за складирање и компактен организатор кој дизајнерски се потпира на делото на Арик Леви од 2010 година.

Двата предмети се изработени од препознатлив анодизиран алуминиум – материјал кој со децении е заштитен знак на куферите RIMOWA, но и дел од ДНК-то на Vitra во одредени колекции. Минималистичката табуретка има кубична форма и доаѓа со мека навлака за перниче што може да се отстрани.

Внатрешноста е елегантно обложена со ткаенина во бојата на перниците, поделена на неколку делови со помоѓ на кожни прегради – практично и визуелно пријатно решение за секој современ простор.

Организаторот, кој совршено се вклопува во внатрешноста на табуретката, изработен е од рециклирана ткаенина, со суптилна почит кон Арик Леви. Има тенка централна преграда со вградена рачка, што го прави идеален и за домашна канцеларија и за патување – доволно софистициран за да се вклопи во ентериери, а доволно робустен за да ги преживее аеродромите.

Оваа колаборација не само што спојува два света – дизајнот на мебел и луксузното патување – туку ги трансформира во единствен, модуларен систем за живот во движење.
Сестрано, убаво, паметно. Токму како што се очекуваод овие дизајнерски икони.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија