Новиот метеоролошки сателит е успешно лансиран, а претставува голем чекор кон обезбедувањето на прецизни прогнози и рани предупредувања заради заштита на животите и имотот од екстремните временски прилики. Лансирањето е извршено од Европскиот вселенски центар во Француска Гвајана. Станува збор за првата генрација европски метеоролошки сателити во поларната орбита, а исто така ја носи и новата мисија за следење на атмосферата – Copernicus Sentinel-5.

Опремен е со низа унапредени и целосно нови инструменти кои собираат клучни податоци за временската прогноза, предвидувањето на бури и следњето на климата, додека истовремено им помагаат на земјоделците во заштитата на посевите, на операторите на мрежите во управувањето со снабдувањето со енергија, како и на пилотите и поморците во сигурна навигација.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија