Со цел да се овозможи интеграција на зголемените капацитети во обновливи извори на енергија, во националната преносна мрежа на Турција, Светска банка и одобри на оваа земја финансиски пакет за проектот „Трансформација на системот за пренос на електрична енергија“ (TPTS). Пакетот вклучува заем од 625 милиони евра, како и мал дел неповратни средства.

TPTS ќе и овозможи на Турција модернизација и проширување на преносната мрежа, со цел прифаќање на големите капацитети во соларна енергија и енергија од ветер. Се очекува проектот да придонесе за значително намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и да отвори многу нови работни места во секторот на обновливи извори на енергија ширум земјата. Проектот директно ја поддржува Турската стратегија за енергетска транзиција – обновлива енергија 2035 (RE 2035), која предвидува 120 GW инсталирани капацитети во ветер и сонце до 2035 година. Проектот се фокусира на три стратешки компоненти: унапредување на инфраструктурата на преносот, дигитализација на електроенергетската мрежа и техничка помош за иновации.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија