Насловна / Вести / Србија и БиХ дел од глобална студија за психолошките аспекти на климатските промени

Србија и БиХ дел од глобална студија за психолошките аспекти на климатските промени

Во склоп на проектот Junior Researcher Programme, кој обединува млади истражувачи од целиот свет, се спроведува глобална студија за психолошките аспекти на климатските промени. Истражувањето ги опфаќа и Србија и Босна и Херцеговина – што е посебно значајно, имајќи во предвид дека земјите од регионот често се изоставени од вакви меѓународни научни анализи.

Junior Researcher Programme е меѓународна иницијатива наменета за студенти и млади истражувачи кои преку менторство, соработка со престижни универзитети и повеќемесечна тимска работа, развиваат и спроведуваат емпириски истражувања во областа на психлогијата и сродните општествени науки. Еден од овогодишните истражувачки тимови опфаќа учесници од 26 земји, меѓу кои се учесници од споменатите две земји. Тие работат на студија за психолошките аспекти на климатските промени, во соработка со истражувачи од Универзитетот Колумбија. Целта на истражувањето е да се испита како луѓето од различните делови на светот ги доживуваат климатските промени – кои емоции им побудуваат и какви ставови имаат во тој процес. Планирано е собирање на над 10.000 одговори преку анкетен прашалник.

Испрати коментар

Scroll To Top