По долго боледување на 28.7.2025 година почина архитект Љубица Никољска.
Архитект Љубица Никољска е родена 3.7.1936 во Скопје. По завршување на класичната гимназија се запишува на Техничкиот факултет – Архитектонска насока .

Веднаш по дипломирањето (1965 година), од 1966 година па се до завршување на работниот век работи во ИСП Бетон – Скопје.
Во годините што следуваат таа ќе биде ангажирана најнапред тимски , а потоа и како самостоен проектант на повеќе од 60 објекти кои се реализирани во Скопје, Битола, (Дом на културата ) Штип (управна зграда, ресторан, хотел и детска градинка на Астибо) и другите градови низ Македонија, во време на поранешна СФРЈ.

детска градинка Астибо, Штип
Ќе работи и надвор од татковината за Либија-Мисурата, Ирак -Багдад, Русија-Дубрава и Камчатка-Петропавловск.
Така настана низата значајни објекти кои го одбележуваат градот: како што се Домот за самци во населба Аеродром , станбени згради во Капиштец, во населба 13 Ноември, во населба Карпош, Лисиче и други.

станбената зграда на ул. Орце Николов, Скопје
Како врвни достигнувања кои добиле признанија во стручната литература и изложби на архитектурата секако се: станбената зграда на ул. Орце Николов (1977 година), Вилите ,,Цвеќара” и Водно (1975, 76 година) , станбена зграда на ул.29 Ноември (1989 година). станбените објекти и вили кои го збогатуваат постземјотресно Скопје со еден карактеристичен ,,сензитивен брутализам” својствен за архитектурата на Никољска.
Сопругот на архитект Љубица Никољска, професорот на Архитектонски факултет – Скопје, Александар Никољски, исто така е наш значаен архитект.

воен хотел „Илинден“, Скопје
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија