Насловна / Вести / Во магистралните цевки на водоводот во Софија, ќе бидат вградени мали хидроелектрани

Во магистралните цевки на водоводот во Софија, ќе бидат вградени мали хидроелектрани

Veolia добила зелено светло од управата на бугарската престолнина да инсталира две хидротурбини во главните цевки на системот за водоснабдување. Се очекува на овој начин да се произведуваат 12GWh електрична енергија годишно.

Комуналните претпријатија за водовод и канализација во југоисточна Европа, главно во сопственост на локалните самоуправи, се потешко постигнуваат да обезбедат доволно вода за пиење, па дури и да останат финансиски стабилни. Притиснати се со последиците од глобалното затоплување и скоковите на цената на електричната енергија. Хидроенергетските постројки во водоводните цевки может да придонесат за декарбонизација и енергетска ефикасност, имајќи предвид дека се едноставни и не пречат на животната средина. Локалната самоуправа во Софија уште во 2003 година ја има покренато идејата за инсталирање на осум хидрогенератори во магистралните цевки за водоснабдување.

 

Испрати коментар

Scroll To Top