Насловна / Вести / VIREAS – виртуелен енергетски помошник базиран на вештачка интелигенција

VIREAS – виртуелен енергетски помошник базиран на вештачка интелигенција

Хрватската Регионална енергетска агенција Sjever, на граѓаните и го нуди VIREAS – виртуелниот енергетски помошник базиран на вештачка интелигенција. VIREAS одговара на прашања за енергетска реконструкција и обновливи извори на енергија во реално време, нуди препораки прилагодени на конкретниот дом и потреби, помага во препознавање на можностите за заштеда на енергија и трошоци, ги објаснува техничките поими на едноставен начин. Апликацијата VIREAS е интерактивна платформа која им овозможува на корисниците да разговараат со AI асистент на разни теми за енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

VIREAS е наменет за сопствениците на семејни куќи и згради кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикаснот или да вградат системи за користење на обновливи извори на енергија. Овозможува побрзо, полесно и посигурно донесување одлуки. Освен за техничките препораки, VIREAS ги информира корисниците за моментално достапните субвенции и јавни повици на Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност. Агенцијата предупредува дека иако VIREAS пружа корисни информации и совети, сепак не го заменува проектантот, ниту овластениот енергетски советник. Затоа препорачува консултации со стручњаци за конечни одлуки и изработка на проектна документација. Апликацијата е кофинансирана со средства од проектот BauNOW преку програмата Interreg Euro-MED.

Испрати коментар

Scroll To Top