Насловна / Вести / 20 најголеми градови во светот по број на население во 2025 година

20 најголеми градови во светот по број на население во 2025 година

По повод Светскиот ден на популацијата, кој се слави на 11. јули, „World Population Review“ објави ажурирана листа на најнаселени градови во светот. Во првите 20 доминираат азиски, африкански и латиноамерикански мегалополиси како што се Токио, Њу Делхи, Шангај и Лагос.

Податоците јасно покажуваат дека повеќе од половина од светското население живее во урбани средини, а се предвидува дека овој удел ќе се зголеми на 66% до 2050 година.

Во продолжение можете да видите кои се 20-те најголеми градови во светот според бројот на население, заедно со стапката на нивниот раст во споредба со минатата година.

1.Токио, Јапонија

население: 37.036.200 (-0,21%)

  1. Њу Делхи, Индија

население: 34.665.600 (+2,54%)

  1. Шангај, Кина

население: 30.482.100 (+2,06%)

  1. Дака, Бангладеш

население: 24.652.900 (+3%)

  1. Каиро, Египет

население: 23.074.200 (+1,99%)

  1. Сао Паоло, Бразил

население: 22.990.000 (+0,8%)

  1. Мексико Сити, Мексико

население: 22.752.400 (+1,1%)

  1. Пекинг, Кина

население: 22.596.500 (+1,84%)

  1. Мумбаи, Индија

население: 22.089.000 (+1,92%)

  1. Осака, Јапонија

население: 18.921.600 (-0,24%)

  1. Чонгкинг, Кина

население: 18.171.200 (+2,23%)

  1. Карачи, Пакистан

население: 18.076.800 (+2,43%)

  1. Киншаса, ДР Конго

население: 17.778.500 (+4,38%)

  1. Лагос, Нигерија

население: 17.156.400 (+3,75%)

  1. Истанбул, Турција

население: 16.236.700 (+1,18%)

  1. Калкута, Индија

население: 15.845.200 (+1,76%)

  1. Буенос Аирес, Аргентина

население: 15.752.300 (+0,86%)

  1. Манила, Филипини

население: 15.230.600 (+1,93%)

  1. Гуангжу, Кина

население: 14.878.700 (+1,98%)

  1. Лахор, Пакистан

население: 14.825.800 (+2,91%)

Испрати коментар

Scroll To Top