Со воведување на системи за далечинско греење и ладење кои работат на обновливи извори на енергија се намалува загадувањето, емисиите на стакленички гасови и зависноста од фосилни горива. Голем дел од европскиот резиденцијален и комерцијален сектор сеуште се потпира на индивидуални решенија, а се поинтензивните топлотни бранови создаваат потреба од стратешки пристап кон ладењето.
Во склоп на своите напори за декарбонизација и енергетска ефикасност, Словенија подготвила пакет за кофинансирање вреден 51,2 милиони евра наменет за компаниите и задругите. Со оваа програма се обезбедува помош во изградба и реконструкција на системите за далечинско греење и ладење на обновливи извори на енергија. Првиот рок за пријави е 11-ти септември, а наредниот истекува на 8-ми јануари следната година. Повикот се спроведува преку Министерството за животна средина, клима и енергија, а дури 85% од средствата се обезбедени преку механизмот на ЕУ за поттикнување на кохезијата.

Големите компании можат да добијат средства во висина до 45% од инвестицијата, средните до 55%, додека за малите и микро претпријатија таа граница е 65%. Максималниот доделен износ по проект не смее да надминува 30 милиони евра.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија